Свиркачот на Боинг најден мртов откако сведочел против авиокомпанијата
Џон Барнет (62) работел за компанијата за авиони 32 години а се пензионирал во 2017 година. Тој даваше клучни информации во тужбата на свиркачите против компанијата во која тој изрази загриженост за стандардите за производство на фирмата.
Барнет тврдеше дека деловите што се не го задоволувале стандардот намерно биле поставувани во авионите. Исто така кажа дека 1 од 4 маски за кислород нема да работат во итни случаи.
“Во некои случаи, делови буквално беа извадени од канти за отпад и се ставаа во авиони, со цел да се спречат доцнење на производната линија” тврди Џон.
“Кога вршевме контрола на авионите, наоѓавме по над 150 грешки, некои не толку сериозни, но некои многу сериозни. На последниот извештај бројот на грешки секогаш беше помал од 50”
И сега, во сред тужба, тој е пронајден мртов поради „самонанесена“ прострелна рана во неговиот камион.
Во соопштението на Боинг изјавија: „Тажни сме поради смртта на г-дин Барнет, а нашите мисли се со неговото семејство и пријателите“.