ВестиПопуларно

Се огласи пејачката која ја преживеа трагедијата во Кочани: „Дел од моето второ семејство си замина“

Ана Костадиновска, пејачка на групата „ДНК“, е една од тројцата музичари кои ја преживеаја трагедијата во Кочани.

Заедно со неа, Владимир Блажев Панчо и гитаристот Горан Тонев се единствените членови на музичкиот состав кои успеале да го преживеат разорниот пожар што однесе 59 животи во дискотека во Кочани.

Двајцата музичари се во стабилна состојба и моментално се на болничко лекување, додека Ана е пуштена на домашно лекување.

Денес ќе бидат погребани и нивните починати колеги, а пејачката за првпат се огласи по оваа стравотна трагедија.

„Дел од моето второ семејство замина. Со нив и мојата душа. Сè што остана е пепел и празнина … А кој би помислил дека празнината може толку да боли“, напиша Ана, споделувајќи фотографија со трагично загинатата колешка Сара Пројковска, која исто така денеска ќе биде погребана на гробиштата во Лисиче.