Спасено семејството кое беше заглавено кај “Радика”
Надлежните служби соопштија дека жителите на Леуново се евакуирани и безбедни.
Евакуацијата беше успешно спроведена, а службите ја покажаа својата подготвеност.
Гости од хотелот „Радика“ во Маврово, што денеска беа заглавени поради обилните врнежи од снег и непроодниот пат, вечерва се извлечени со помош на специјално возило на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, што вози пред нив и им го расчистува патот, информира Центарот управување со кризи (ЦУК).
„Од последниот контакт во 20 часот со дежурниот во ПС Маврово добиена е информација дека возило на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патишта вози напред, а по него се гостите од хотелот со своите возила. Возат споро, но ќе успат да стигнат со конечните дестинации“, се вели во соопштението од ЦУК.
Надлежните апелираат граѓаните да се придржуваат до препораките за да се избегнат несакани последици.