Стигна на аеродромот во Амстердам за да се качи на летот, а потоа мистериозно исчезна: По еден повик му се губи секаква трага
Рајан Џоунс (34) бил во посета на холандскиот град со пријатели требало да се качи на летот на аеродромот Шипхол во Амстердам, кога мистериозно исчезнал.
Рајан и неговите пријатели се подготвувале за лет назад кон Обединетото Кралство на 4 мај, кога тој им рекол дека ги заборавил патните документи и мора да ги земе. Аеродромот го напуштил во 14:17 часот, и освен еден краток телефонски повик, тоа бил последниот контакт што го имале со него.

Холандската полиција започнала потрага и испратила јавен повик за помош во пронаоѓањето на „крупен маж, висок 190 см, кој веројатно носи бела бејзбол капа и има тетоважа на десната подлактица“.
Ова не е првпат странец да исчезне во Холандија. Британски патници често мистериозно исчезнуваат во Амстердам – град познат по своите кафулиња со канабис, Црвената светлосна зона и популарните журки.

Еден од најпознатите и најтрагични случаи беше оној со дваесетгодишниот Британец Томас Делафеј, познат и под уметничкото име Тајга Акабане, чие исчезнување ја потресе Велика Британија. Неколку недели подоцна, неговото тело беше пронајдено во дупка.