ВестиПопуларно

Судија му нареди на Трамп да плати 355 милиони долари затоа што лажел за своето богатство

На судењето во Њујорк, судијата Артур Ф. Енгорон му нареди на Трамп да плати 355 милиони долари во пенали, судејќи дека екс претседателот лажел за вредноста на својот имот со години

Пресудата што беше досудена на го казнува Трамп, неговите компании, неговите директори, вклучувајќи ги неговите 2 најстари синови, за наводно лажење на банките и осигурителните компании со зголемување на цената на својот имот. Оваа пресуда носи со неа малку „турбуленции“ во организацијата на Трамп, со тоа што сите операции ќе бидат под судски надзор и ќе има ограничување на начинот на којшто работи.

Вистинската казна на Трамп би можела да биде многу поскапа бидејќи според државниот закон тој исто така е обврзан да плати камата за казните, за коишто ќе биде должен вкупно повеќе од 450 милиони долари. Сумата што би и била исплатена на државата ќе расте додека тој не плати.

Судијата Енгорон, заклучи дека Трамп и неговата компанија „веројатно ќе продолжат со своите измамнички начини“ без казните и контролите што се наметнати. Енгорон заклучи дека Трамп и неговите соработници „не ја прифатиле одговорноста“ и дека експертите кои сведочеле во негово име „едноставно ја негирале реалноста“.

Трамп од друга страна кажа дека судијата е тотално корумпиран. „Од самиот почеток знаев дека имаме корумпиран судија. Тој не е почитуван човек. Ние имаме вработени десетици илјадници луѓе во Њујорк. Ретко кој плаќал данок како што плаќаме ние, и тоа на нив не им е гајле. Њујорк е држава која што пропаѓа. Сите си одат, а главниот виновник е Бајден кој моментално ни ја унишутва земјата“, потоа тој продолжи „Ова е Русија, ова е Кина, ова е тоа за кое што читате целиот ваш живот, и сега се случува и кај нас во Америка.

Во судницата им беше дозволено на медиумите да влезат накратко по што излезе виралната насмевка на судијата Енгорон која што може да ја видите подолу.

На оваа пресуда реагираше и Илон Маск кој изјави: “Со оглед на тоа што нема оштетени кои загубиле пари, кој треба да ги добие тие 350 милиони?”. Добро прашање.