ВестиПопуларно

„Таа е убава како Меланија да и е баба“ Внуката на Доналд Трамп ја слави победата на својот дедо, а сите гледаат во нејзината маќеа која го растури бракот на нејзините родители

Кимберли е означена како жената која го растури бракот на најстариот син на Доналд Трамп и Ванеса Трамп, кои беа во брак од 2005 до 2018 година и за тоа време имаа пет деца: Каи, Доналд Трети, Тристан, Спенсер и Клои.

Внуката на Доналд Трамп, која во јули годинава одржа говор на Конвенцијата на Републиканската партија во Милвоки и со тоа го привлече интересот на светската јавност, го поддржа својот дедо и вчера на Флорида, каде што се прослави неговата победа на претседателските избори во Америка.

Каи Трамп беше со најблиските членови на семејството, таткото Доналд Џуниор Трамп, тетките Тифани и Иванка Трамп, но и со маќеата Кимберли Гилфој, поранешна ТВ водителка која на почетокот беше непожелна во семејството, како што се коментираше, а потоа Доналд Трамп јавно ја поддржа.

Кимберли е означена како жената која го растури бракот на најстариот син на Доналд Трамп и Ванеса Трамп, кои беа во брак од 2005 до 2018 година и за тоа време имаа пет деца: Каи, Доналд Трети, Тристан, Спенсер и Клои.

Поранешната снаа на Трамп присуствуваше на погребот на Ивана Трамп, нејзината свекрва, во Њујорк во 2022 година, а на тој тажен настан Доналд Трамп се однесуваше кон неа со голема почит, нагласувајќи дека и понатаму има важно место во семејството. Тој ден беше видена и Ванеса како си остар поглед ја гледа Кимберли Гилфој, а случајно или не, денес Каи упати сличен поглед во насока на нејзината маќеа, со која се појави порано во кампањата на нејзиниот дедо.

Сепак, претседателската кампања на Доналд Трамп доведе до обединување на поранешната и сегашната снаа, па Каи претходно беше видена покрај нејзината мајка и маќеата. Креаторите на кампањата мислеа на сите потенцијални скандали, а „семејството Трамп никогаш не било пообединето“ беше нивната важна порака што сакаа да им ја пренесат на гласачите.

Каи Медисон Трамп има 17 години, на сцената на Флорида каде се славеше изборната победа на Трамп се појави во црн светкав фустан и штикли. Се коментира дека ја краси посебна убавина, како и дека изгледа како „Меланија Трамп да и е баба“, бидејќи оваа позната Словенка е надалеку позната убавица.

„Зборувам денес за да споделам страна на мојот дедо што луѓето не ја гледаат често“. За мене тој е само мој дедо. Ни дава бонбони и сокови кога нашите родители не гледаат. Тој секогаш сака да знае како сме на училиште. Кога бев на листата на најдобри студенти, тој гордо ги покажуваше моите резултати на своите пријатели.

Тој ми се јавува за време на училишниот распуст да ме праша како ми оди играта голф и ми кажува се за неговата игра. Но, тогаш морам да го потсетам дека сум на училиште и ќе морам да му се јавам подоцна.

Многу луѓе го ставија мојот дедо низ пеколот и тој сè уште стои цврсто. Дедо, ти си навистина инспирација и те сакам. Медиумите го прикажуваат мојот дедо како поинаква личност, но јас го познавам каков што навистина е.

Тој е многу грижлив и сакан. Тој навистина го сака најдоброто за оваа земја и секој ден ќе се бори да ја направи Америка повторно голема“, рече внуката на Доналд Трамп во јули во Милвоки.