ВестиПопуларно

Такер Карлсон на гостување кај Џо Роган изјави дека имал информации дека постојат вонземјани

Неодмана Такер Карлсон гостуваше на подкаст кај Џо Роган каде што се збореа повеќе интересни теми но една од најинтересните беше кога Такер спомна дека има цврсти докази кои покажуваат дека не сме сами на нашата планета

Како што кажува Такер, веќе долги години има напори да се сокријат овие информации од јавноста но веќе постигнуваат статус на “Јавна тајна”

Такер во гостувањето изјави: “Сметам дека било која рационална особа не би негирал дека постојат вонземјани, но всушност прашањето е “што се тие?” мислам дека е време да го поставиме тоа прашање”

“Федералната влада има вкупно 12 милиони вработени во земја каде што живеат 345 милиони луѓе. Со оглед на тоа може да сметаме дека работат на секакви работи кои што не се достапни за јавноста. Но во глобала, они неможат да ги контролираат овие објекти. Ова не е американса технологија, или руска или кинеска, нивната технологија ги претходи сите.”

“Службеници на САД кој биле во контакт или во близина на НЛО имаат завршено мртви, и тоа го знаеме бидејќи има многу случаи кои веќе искачаат од системот за ветерани, каде што семејствата неможат да добијат компензација за смртта на нивните најмили”

Но според Такер, неможе да се каже дека овие суштества се всушност од друга планета: “Ова се духовни појави, не постојат никакви докази дека се дојдени од друга планета, всушност јас мислам дека тоа е лагата што ни ја продаваат”