Тинејџерка (17) почина откако на врат и падна шипка со тегови
Хорор за време на тренинг: Итно била пренесена во болница, но немало спас.
Тинејџерка, шампионка во дигање тегови во Индија, почина по трагичен инцидент за време на тренинг, кога тешка шипка од 270 килограми ѝ падна врз вратот.
Јаштика Ачарија (17) вежбала со својот тренер во теретана во округот Биканер, западна Индија, кога се случила фаталната несреќа. Тинејџерката била итно пренесена во болница, но лекарите само ја констатирале нејзината смрт, пренесе „Daily Mail“.
Снимката ја документирала трагедијата
Страшна снимка го забележала кобниот момент – на неа се гледа како Ачарија се обидува да подигне тег, но потклекнува и паѓа наназад. Во моментот кога седнала на подот, тешката шипка што ја држела ја погодила директно во вратот, по што изгубила свест.
На снимката се гледа како младата спортистка лежела неподвижно, додека присутните во теретаната притрчале да ѝ помогнат.
Според индиската полиција, вратот на тинејџерката бил скршен кога шипката паднала врз него, пренесе Arynews.tv.
Нејзиниот тренер, кој се обидел да ја задржи шипката додека паѓала, наводно задобил полесни повреди.
Талентирана спортистка со златен медал
Иако беше млада, Ачарија веќе имаше освоено неколку значајни победи во дигање тегови. Според NDTV, таа освоила златен медал на Јуниорските национални игри во Индија.
„Дизањето тегови, ако не се изведува правилно, може да доведе до сериозни, па дури и смртоносни повреди“, предупредува „Daily Mail“, додавајќи дека оваа трагедија е само една од низата несреќи во светот на бодибилдингот.

Слични трагедии во светот на фитнесот
Трагичниот случај на Ачарија потсетува на несреќата на познатиот фитнес-инфлуенсер Џастин Вики (33), кој почина на Бали откако шипка со тежина од 200 кг му го скрши вратот додека се обидувал да изведе чучњеви со тежина.
Вики тренирал во теретаната „Paradise Bali“ во Санур, кога дошло до инцидентот. Бил пренесен во болница со скршен врат и критичен притисок врз виталните нерви што ги поврзуваат срцето и белите дробови.
И покрај итната операција, лекарите не успеале да го спасат и тој починал кратко по интервенцијата.
На 21 април 2025 година, светот се разбуди со тажна вест: Папата Франциско, лидерот на католичката црква и еден од
Денес, малку заборавениот модел на Лада некогаш беше сосема солидно на листата дури и надвор од границите на Балканот. Самара
Започнато е собирање средства за поддршка на тинејџерскиот спортист Средношколски спортист остана да се бори за живот откако се здоби
Низ галеријата на комплексни филмски ликови, Хопкинс остави неизбришлива трага – и во историјата на филмот и во колективната свест
ПЕКИНГ – Дваесет и еден хуманоиден робот денеска заедно со илјадници луѓе учествуваа на полумаратонот во округот Џиџуанг во Пекинг,
Иако често се занемаруваат, влакната имаат огромно влијание врз здравјето на дигестивниот систем, нивото на шеќер во крвта, па дури