Тој беше најголемата љубов на принцезата Дајана! Скандалозна афера го потресе британскиот двор – ја изневерил на најлош начин (ФОТО)
Аферата на принцезата Дајана со Џејмс Хјуит, офицер на Коњаничката гарда, се претвори во еден од најголемите скандали на британската монархија во 20 век.
Вонбрачната врска на кралот Чарлс и Камила некогаш се одвивала практично пред очите на целиот свет, а за нивната љубов се знаел секој детал. Прељубата на принцезата Дајана имаше голем одек во јавноста, но Лејди Ди се впушти во љубовните авантури дури откако нејзиниот брак стана само писмо на хартија, па наиде на многу помала осуда од сегашниот крал.
Една од посебно контроверзните афери во кои се зафати принцезата Дајана беше петгодишната афера со Џејмс Хјуит, офицер во Коњаничката гарда, која брзо се претвори во еден од најголемите скандали на британската монархија во 20 век.
Големата љубов на принцезата Дајана
Двојката се запознала во 1986 година на забава организирана од Хејзел Вес, една од дворските дами на Лејди Ди. „Нивниот прв разговор беше природен и спонтан, рече таа, и тоа е она што ја поттикна нејзината привлечност кон него. Тие навистина добро се сложуваа, рече таа. Тој и кажа дека е инструктор за јавање, а кога таа призна дека се плаши од коњи, се понуди да и помогне да го надмине тој страв“, напиша Кен Ворф, кралскиот офицер задолжен за заштита на Дајана, во својата книга Дајана: строго чувана тајна.
„Дајана го направи првиот чекор кога посегна да го бакне додека беа сами во канцеларија, велејќи му: „Ми требаш. Ти ми даваш сила. Не можам да издржам кога не сум со тебе“. Од почеток до крај, Дајана е таа која беше главниот лик во оваа афера“, напишала авторката Тина Браун во книгата „The Diana Chronicles“.
Недолго откако Џејмс Хјуит стана инструктор за јавање на Дијана, двајцата започнаа страсна афера која ќе трае пет години, од 1986 до 1991 година. Во времето кога Дајана го запознала Хјуит, Чарлс веќе бил во врска со Камила. Ова придонесе Дијана да влезе во вонбрачна врска.
„Хјуит, женкар по природа, ѝ го даде вниманието и наклонетоста во која уживаше, а потоа и страста по која копнееше. Двојката обично се среќаваше во стара куќа во Девон, која и припаѓаше на Ширли, мајката на Џејмс, каде што чкрипењето на подните штици раскажуваа приказна погласна од која било исповед“, опиша Ворф.
Хјуит рече дека описот на Ворф е малку претеран.
– Јас готвев, а Дијана се тушираше. Главно тоа беше само вечера, релаксација и смеа – рече тој во 2017 година во една австралиска телевизија.
Џејмс избра кариера наместо Дајана
Парот наводно имал големи планови, овој офицер дури и фантазирал за заеднички живот, но работите се промениле кога Хјуит ја прифатил командата на ескадрила во Заливската војна.
„Дајана се чувствуваше изневерено: тој ја избра својата кариера наместо неа. Отпрвин таа направи сè што можеше за да го спречи да си замине, дури и се закануваше дека ќе разговара со неговиот командант. Кога Џејмс одби да се откаже од оваа можност, Дајана дозволи љубовта да умре,“, напиша Ворф во својата книга.
Лејди Ди остана во контакт со Хјуит откако тој беше стациониран во Саудиска Арабија во 1990 година, но врската очигледно полека но сигурно заврши, а парот ја прекина во 1991 година.
Три години подоцна, во 1994 година, веста за оваа романса експлодира како бомба во очите на јавноста. Авторката Ана Пастернак ја објави книгата „Вљубената принцеза“ во која ги претстави деталите за аферата на Дијана и Џејмс, во соработка со самиот Хјуит. Иако принцезата и Чарлс официјално се разделија во 1992 година, веста сепак предизвика огромен скандал.
Во 1995 година, нешто помалку од една година пред официјалниот развод, самата принцеза Дијана ја потврди аферата во познатото интервју за БиБиСи Панорама.
– Да, го обожавав. Да, бев заљубена во него. Но, бев многу разочарана – изјави таа за учеството на Хјуит во објавувањето на споменатата книга.
Поголем скандал од самата афера беше шпекулацијата дека Џејмс е вистинскиот татко на принцот Хари, која до ден денес не згаснала. Ваквите шпекулации беа поттикнати од неверојатната сличност меѓу помладиот и постариот маж, но Хјуит жестоко ги негираше тврдењата, велејќи дека „нема шанси“ тој да е таткото бидејќи Хари е роден во 1984 година, кога не ја ни познавал Дијана.
– Веќе некое време сум свесен дека прашањето кој е таткото на Хари е главна тема на разговор. Навистина нема шанси да сум татко на Хари. Го разбирам интересот, но Хари веќе беше роден кога започна мојата врска со Дијана. Точно, црвената коса е слична на мојата и луѓето велат дека личиме. Гледајќи ги сликите, би рекол дека тој е многу пожесток тип од мене. Никогаш не сум ги поттикнувал овие споредби и иако долго време бев со Дијана, морам еднаш засекогаш да кажам дека не сум татко на Хари – категоричен беше Хјуит во 2002 година.
Животот на Хјуит по смртта на Дајана
Откако Дајана трагично почина во 1997 година, Хјуит продолжи да дава интервјуа за нивната романса од време на време, а во 1999 година дури ја објави книгата „Љубов и војна“ во која подетално беше опишана целата афера. Тој беше обвинет дека се обидел да продаде повеќе од 60 љубовни писма од Дијана на медиумите за 10 милиони фунти, а во 2009 година изјавил дека има намера да ги задржи засекогаш.
По пензионирањето од војската, Хјуит отворил терен за голф и во еден момент водел бар во Марбеља, Шпанија. Се појавил во неколку реални шоуа, а моментално живее со мајка му во Девон и наводно работи како градинар. Во 2017 година преживеа тежок срцев удар по кој се бореше за живот, но од оваа битка излезе како победник.