Трагедија во семејството на екс-градоначалникот на Битола: На само 39-години почина неговата ќерка
Ќерката на ексградоначалникот на Битола и актер, Владимир Талески, Марија Талеска-Мурговска, почина на 39-годишна возраст од непознати причини.
Во моментов причините за смртта не се познати. Талеска-Мурговска живееше во Битола со своето семејство. Зад себе остава едно дете.
Потсетуваме, екс-градоначалникот на Битола Владимир Талески се наоѓа во прилепскиот затвор, каде издржува казна за случајот “Транспортер”.
Пријателите и сограѓаните на Марија се простуваат од неа на социјалните мрежи.