ВестиПопуларно

Трамп: Ќе ја советувам Русија да прави што сака со државите од НАТО

Доналд Трамп успеа да дигне паника и во Америка и во Европа откако на неговиот митинг во Јужна Каролина изјави дека не би му сметало доколку Русија ги нападне државите од НАТО.

„Би ги советувал со вас да прават што сакаат“ кажа Трамп и крена паника низ цел свет. Ова го изјави во својот последен собир и предизвика бурни реакции како од НАТО така и од Американците.

Целосната изјава на Трамп гласи „Претседателот на една голема држава од НАТО ми пријде и ми кажа, доколку не плаќаме на НАТО и сме нападнати од Русија, дали НАТО ќе дојде во наша одбрана? Јас му кажав, не сте платиле, деликвенти сте. Не, не би ве бранеле, всушност ќе ја советувам Русија да прави што сака со вас“. За која држава точно станува збор не е јасно.

Ова го изјави Трамп откако на интервјуто на Такер Карлсон, Путин изјави дека во 1991 било ветено дека НАТО повеќе нема да се шири, но од тогаш до денес имало дури 5 експанзии на НАТО.

Ширењето на НАТО од 1991 година може да го видите во видеото подолу.

Исто така беше најдена изјавата на Јирген Кроборг од 1991 која што гласи “Веќе е разјаснето дека Нато нема да се шири подалеку од реката Елба”

Американците реагираа доста револтирано на овие изјави од Трамп кажувајќи “Доколку ова се дозволи, на сила стапува петиот артикл на НАТО што во превод значи трета светска војна”, “Трамп се спрема војна ама подобро ние да се грижиме за возраста на Џо Бајден” беа само неколку од изјавите на гневните Американци.

Но да не заборавиме што кажа Владимир Путин неодамна. Во војната на пропагандата, никој не може да ѝ се држи на Америка