Трето вето од Америка на советот за безбедност на ОН
Америка веќе трети пат по ред одлучи да го искористи правото на вето кога е во прашање прекин на војната во Израел
На советот за безбедност на ОН беше започнато гласање за прекинување на војната помеѓу Израел и Палестина.
Гласањето го започна Алжир. 13 држави гласаа ЗА. Велика Британија апстинираше од гласање, додека Америка гласаше против застанувањето на војната.
Многу држави го изјавија своето незадоволство со гласањето на Америка. Кина кажа дека ова вето на Америка е „Зелено светло за континуирано колење“
Министерот за надворешни работи на Ирска беше посебно лут на Американците и нивната „злоупотреба“ како што кажува тој на правото за вето. „Не може 5 држави во 21-ви век да ја имаат целата сила“.
Секако имаше изјава и Лула да Силва, претседателот на Бразил, кој исто така има прекинато дипломатски односи со Израел „Правото на вето мора да престане. Членовите на обединетите нации мора да се мирољубиви, а не да поттикнуваат војна“
Дали можеби ќе видиме измена на правото на вето во иднина не се знае, но тоа што се знае со сигурност е дека војната во Газа за жал продолжува.