ВестиПопуларно

Турција ја одобри екстрадицијата за Палчо, првосомничен за убиството на Вања и Панче

Министерот Кренар Лога на својот профил на Фејсбук објави дека Македонија од Турција добила одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски.

„Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда.“, стои во објавата на Лога.

Потсетуваме, Љупчо Палевски е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.