Вести

Уапсена девојката која излегла на улица во долна облека во Иран: Мажи во цивилки ја ставиле во автомобил

Амнести интернешенел ги повика властите во Иран „веднаш и безусловно“ да ја ослободат студентката која беше уапсена откако се соблече во долна облека во, како што рече, јавен протест против вознемирувањето поради строгиот кодекс на облекување во земјата.

Инцидентот се случил откако девојката, чиј идентитет не е утврден, наводно дошла во конфликт со припадниците на паравоените сили Басиј кои и ја искинале шамијата и облеката на престижниот Исламски Азад универзитет во Техеран, пишува Гардијан.

Од видеата објавени на социјалните мрежи се гледа дека девојката се соблече и излезе на улица во долна облека.

https://twitter.com/Qomordeenayinla/status/1853376844432564463?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1853376844432564463%7Ctwgr%5Ea39736ab062fa090ada90835075a888f1d9e135f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.danas.rs%2Fsvet%2Firan-devojka-uhapsena%2F&mx=2

Во друго видео, мажи во цивилна облека ја ставаат девојката во автомобил.

Во билтенот на студентскиот магазин Амир Кабир се наведува дека девојката била малтретирана од член на Басиј бидејќи не носела шамија. Според иранскиот задолжителен кодекс на облекување, жените мора да носат шамии и широка облека на јавни места.

Списанието наведува и дека била претепана за време на апсењето, а во саботата соопшти дека не се достапни информации за состојбата и движењата на девојчето.

Амнести интернешнал Иран повика на „независна и непристрасна“ истрага за наводите за злоупотреба.