ВестиПопуларно

Убавата Габриела почина на ужасен начин: Паднала во џакузи и се здобила со тешки изгореници, со денови се борела за живот

Девојка (24) од Бразил трагично го загуби животот во стравотна несреќа откако се онесвести и падна во џакузи, здобивајќи се со изгореници од трет степен на целото тело.

Габриела Кристин Барето де Фреитас била хоспитализирана шест дена, целото тело ѝ било обвиткано со завои, но поради срцев удар, починала.

Трагедијата се случила во хотел во градот Куритиба, каде што Габриела престојувала со пријателка.

Според зборовите на нејзината сестра, пријателката ја вклучила џакузи кадата и отишла да спие. Во еден момент слушнала како Габриела се лизнува и паѓа во водата. Кога стигнала до кадата, кожата на Габриела веќе почнала да се лупи.

„Не знаеме како точно почина Габриела. Никој не ни даде конкретни одговори. Само ни рекоа дека имала срцев застој и дека починала“, изјавила нејзината сестра.

Полицијата ги истражува околностите на нејзината смрт, а адвокатот на семејството бара целосна проверка на хотелските капацитети, за да се утврди дали термостатот бил неисправен.