ВестиПопуларно

Убијците на малата Данка спроведени во обвинителството: Едниот го признал делото, другиот се бранел со молчење

Двајцата осомничени за убиството на 2-годишнат Данка вчера со лисици на рацете биле однесени на распит во Вишото јавно обвинителство во Заечар.

По наредба на Вишото јавно обвинителство на осомничените им е одреден притвор поради постоење на сомнение дека на 26-ти март и го одзеле животот на малата Данка.

„Осомничените биле сослушани од обвинителството, при што Д.Д. целосно го признал извршувањето на кривичното дело, додека Ј.С. се бранел со молчење“, соопштија од Обвинителството.

Потрагата по нејзиното тело продолжува.