Ужас! Јутјубер беше прегазен од воз! Машиновозачот го извлекол: „Не можев да застанам“
Познат Јутјубер загина откако го удри воз додека снимаше видео на мост во Тајланд.
Вирот Арајанкет (53) снимаше за својот канал на Јутјуб „Paid Nai Pai Kun Nam Mun Mai Tong Sai“, што значи „Оди секаде без гориво“, кога го удри возот. Несреќата се случила во близина на мостот Чулалонгкорн во провинцијата Рачабури.
Според извештаите од самото место, телото на Јутјуберот било згмечено и осакатено. Машиновозачот изјавил дека свирел за да го предупреди Вирот дека доаѓа возот, но не можел навреме да ја запре композицијата.
Телото на Вирот било влечено неколку метри од возот, додека неговата опрема за снимање била расфрлена околу местото на несреќата. Според Фусаника Чантарат, полициски инспектор во полициската станица Рачабури Муанг, несреќата се случила околу 8.20 часот.
Јутјуберот креираше и споделуваше видеа на “YouTube” и “Facebook”, промовирајќи го велосипедизмот.

На снимката од несреќата, снимена од безбедносните камери, се гледа како Вирот го става велосипедот на шините околу 7.39 часот. Според изјавата на неговата сопруга, тој ја однел својата ќерка на училиште пред да замине за да сними видео за социјалните мрежи.
Полицијата пронашла видео на телефонот на Вирот на кое се гледа како тој зборува пред камера додека стои во близина на железничка пруга. Машиновозачот ѝ објаснил на полицијата дека додека возот се приближувал до мостот, го видел Вирот како седи на шините и му свирел за да го предупреди да се движи. За жал, Вирот не можел да се откачи на време, а машиновозачот не можел да го запре возот пред да го удри.
Машиновозачот објаснил дека откако возот застанал, излегол и го нашол Вирот згмечен под возот. Веднаш го повикал својот надзорник и локалната полиција да ја пријават несреќата.