ВестиПопуларно

Од Управата за матични книги му одговорија на Стевчо Јакимовски

Управата за матични книги јавно му се извини на Јакимовски откакот тој на прес конференција изјави дека наместо венчаница, на неговиот син и снаата било издадено умреница.

Градоначалникот на општина карпош, Стевчо Јакимовски доби јавно извинување од Управата за водење на матични книги откако, како што кажа тој, датумот на нивната венчавка е напишана како датум на нивната смрт.

Од управата за матични книги му се извинија на Јакимовски и посочија дека службеникот што го издал документот, исто така ке биде казнет.

„Во врска со настанатата несакана грешка на издаден погрешен образец од матична книга на венчаните, искажана преку јавно информирање од страна на градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стевчо Јакимовски, известуваме дека направен е увид во целокупното постапување по предметното барање за издавање на извод на интернационален образец од матична книга на венчаните. Утврден е пропуст сторен од страна на административен службеник, вработен во Управата за водење на матични книги – Подрачно одделение Скопје и истиот во краток рок ќе биде санкциониран согласно Законот за административни службеници. Јавно се извинуваме на семејството на градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стевчо Јакимовски за немилиот настан“, стои во објавата на Управата за водење на матични книги.