ВестиПопуларно

Утрово почина Зоки Фаци, ја загуби битката со ракот

Зоран Василевски – Фаци почина утринава во Скопје, по долга борба со ракот.

Тажната вест ја соопшти неговиот пријател и соработник, Стефан Лазаров.

„За жал, утрово во 6.40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот, тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите.

Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе биде утре, а каде и кога ќе ве известам.

Те сакам пријателе, секогаш ќе се сеќавам на тебе и на твојата насмевка. Многу ќе ми фалиш“, напиша Лазаров во објава на Инстаграм.

Почивај во мир!