(ФОТО) Жена загина во напад на алигатор додека веслала, нејзиното тело пронајдено на брегот
Жена го загуби животот кога врз неа напад извршил алигатор додека се наоѓала во чамец на езеро во Флорида.
Инцидентот се случил додека жената веслала со мал чамец во близина на устие на потокот Тајгер Крик, во езерото Кисими, јужно од Орландо.
Делови од нејзиното тело биле пронајдени на брегот, потврдија надлежните.

Од канцеларијата на шерифот соопштија дека жената била во чамецот со уште едно лице, кое за среќа не е повредено.
Деталите за нападот сè уште не се познати, а во регионот е испратен ловец на алигатори.
Нема потврда дали животното кое учествувало во нападот е пронајдено, ниту има нови пријави за напади од алигатори на тоа езеро.

Истрагата е во тек, по што ќе бидат познати повеќе информации.
Властите истакнуваат дека сериозни напади од алигатори на Флорида се случуваат многу ретко.