(Фото) Македонското здравство “со нова победа”: Немало кој да му стави катетер на пациент во Битола, па го пратиле во Прилеп!
До каде е дојдено македонското здравство многу убаво се гледа преку еден пример од Битола – пациент бил пратен во Прилеп, затоа што во вториот најголем македонски град немало кој да му стави катетер!
Документот го објави шефот на Комисијата за надворешна политика, а содржината е повеќе од шокантна.
Во извештај од специјалист од Прилепската болница во забелешката се наведува дека е срамно клиничката болница во Битола каде што има десет хирурзи да препраќа пациенти за катетер во Прилеп.