ВестиПопуларно

[ФОТО] Не ставајте ботокс кај секого! Уште една Барби надрилекарка од Србија фалсификувала диплома и “разубавувала” жени

48-годишната С.С со наводно стекната диплома по стоматологија и издадена диплома од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Приштина, работела во својата стоматолошка ординација “БВ Дентал Естетик”, а откако била поднесена кривична пријава, таа била приведена.

Таа е осомничена за надрилекарство и надриапотекарство, пружајќи медицински услуги, како и дека фалсификувала диплома од Медицинскиот факултет во Приштина, која очигледно и овозможила да работи во ординација.

С.С со присуство на адвокат ја изнела својата одбрана, при што оспорувала дека дипломата е фалсификат.

Овој случај потсетил и на Барби надрилекарката Олгица маркановиќ, која неовластено пружала медицински услуги од областа на естетиката и предизвикувала здравствени проблеми кај 11 оштетени.

Несреќните жени барале Олгица да се најде зад решетки.