ВестиПопуларно

(ФОТО) Тажни слики од Газа: Палестинците ифтарат на своите урнати домови

Многу муслимани во Газа првиот ден од светиот месец рамазан ифтар морале да вршат далеку од своите домови во тешки воени услови.

Палестинците во градот Рафа на југот на Појасот Газа, вечерниот оброк ифтар во текот на месецот на рамазан, го вршеле на урнатините од домовите.

Жителите во тој дел од Појасот Газа поставиле маси и столчиња покрај урнатините за заедно да организираат ифтар и покрај големиот недостиг на храна и вода и регионот.

На оброкот најмногу му се израдувале децата кои нетрпеливо трчкале околу масите.

Махер Салед, еден од организаторите на ифтарот, рекол дека подготвиле оброци за стотина семејства чии домови биле уништени во израелските напади, додавајќи дека целта е барем до некаде да им ги разубават рамазанските денови.

По обвинението за геноцид кое го поднела Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд за правда на 26-ти јануари пресудил дека Израел мора да се воздржи од било какви акции поврзани со убивање, напади и уништување на жителите во Појасот Газа и преземени се сите мерки да се спречи геноцид.

Нападите, меѓутоа, продолжуваат со ист интензитет, а испораката на помошта и натаму е недоволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

Од 7-ми октомври минатата година во израелските напади на Појасот Газа биле убиени најмалку 31.112 Палестинци.