ВестиПопуларно

(ФОТО) Убијците ќе ги проживуваат своите злосторства: Морничавиот затвор на иднината

Замислете затвор без ќелии, решетки и чувари – само AI симулатор што ги менува човечките сеќавања. Звучи како дистопија, но овој концепт би можел да стане реалност.

Овој револуционерен систем, кој го осмисли Хашем Ал-Гајли, им овозможува на криминалците да изберат вештачко затворско искуство наместо вистинска казна.

Наместо години зад решетки, затворениците би биле ставени во специјални капсули со VR кациги, каде што би проживувале лажни, но интензивни спомени кои наводно би ги преобразиле.

Cognify – системот што ги „преобразува“ криминалците

Cognify користи напредна невротехнологија и вештачка интелигенција за да вметне нови искуства и емоции во умот на криминалците.

Целта е затворениците да почувствуваат грижа на совест, емпатија и каење, доживувајќи вештачки сценарија од поинаква перспектива.

– Убијците и насилниците би ги проживеале своите дела од аголот на жртвата

– Дилерите и зависниците би добиле лажни спомени за маките низ кои минуваат луѓето во канџите на дрогата

Дополнително, Cognify би ги модифицирал невротрансмитерите и хормоните, предизвикувајќи силни емоционални реакции, како тага, срам или чувство на одговорност.

Дали ова е можно?

Иако звучи како научна фантастика, истражувањата покажуваат дека модификацијата на меморијата веќе постои.

– Научниците успеале да вметнат лажни сеќавања кај глувци, па дури и да ги натераат позитивно да реагираат на трауматски спомени

– Во 2018 година, научници успеале да пренесат спомен од еден морски полжав на друг

Програми како Sora овозможуваат хиперреалистични симулации, кои би можеле да создадат убедливи визуелни искуства

Морални и психолошки дилеми

Овој систем отвора неколку сериозни етички и психолошки прашања:

  • Може ли човек доброволно да прифати да му бидат вградени вештачки спомени?
  • Дали оваа метода би предизвикала трајни психички последици?
  • Како би се прилагодиле затворениците на реалниот свет по „излегувањето“ од AI-затворот?

Ал-Гајли признава дека постојат огромни етички предизвици:

„Вметнувањето вештачки спомени поставува прашања за автентичноста на идентитетот и можните психолошки оштетувања“, истакнува тој.

Револуција во казнената политика или дистописки експеримент?

И покрај контроверзиите, Cognify би можел да стане алтернатива за пренатрупаните затвори и целосно да го промени начинот на казнување на криминалците.

Прашањето е – дали оваа „рехабилитација“ е иднината на правдата или само почеток на нов, морничав дистописки експеримент?