ВестиПопуларно

(ФОТО) „Чекањето не убива, многу ни е тешко“! Дедото на Вукашин, кој беше повреден во несреќата во Нови Сад: „Штотуку го прослави својот 18 роденден“

Вукашин Ц. во саботата имал уште една операција, но, како што пишуваат српските медиуми, неговата состојба сè уште е сериозна, како и состојбата на повредените девојки во несреќата на Железничката станица на 1 ноември.

Осамна 12-тиот ден по несреќата на железничката станица во Нови Сад. Четиринаесет жртви и тројца млади повредени, меѓу кои и тинејџерот Вукашин Ц.(18) од Змајево. Нивната борба сè уште трае, семејствата деноноќно вознемирени чекаат вести за нивното здравје, а како што дознаваме засега се е непроменливо и тешко.

– Многу ни е тешко, сè уште ништо не знаеме, само чекаме, а тоа нè убива – со тивок и рапав глас кратко изјавил дедото на Вукашин за Курир.

На кобниот 1 ноември, младиот човек дошол во Нови Сад, чекал превоз на железничката станица брзајќи да се врати дома, а потоа врз него и уште 16 лица паднала бетонска настрешница тешка неколку стотици тони. Вукашин преживеал и од тој ден се наоѓа во Клиничкиот центар во Војводина.

– Секој нареден ден е сè потешко, сите тројца се во тешка состојба, на Вукашин му беа ампутирани двете стапала, а во сабота повторно беше опериран, нетрпеливо чекаме некоја нова вест и се молиме сите тројца да закрепнат што поскоро. Веруваме дека тоа се млади луѓе и дека од ова можат да излезат посилни – вели изворот на Курир.

Жителите на Змајево се шокирани од несреќата што му се случила на нивниот сосед, за кој велат дека е прекрасен и воспитан млад човек. Според нив, целото семејство на Вукашин е покрај него, а по несреќата целосно се повлекле чекајќи само едно.

– Вукашин е прекрасно дете, учеше да биде готвач, го сакаше тоа, а требаше да го заврши годинава. На сите ни е тешко поради тоа, цело време го гледаме дедо му, плаче секогаш, Вуле минуваше голем дел од времето со него, со оглед на тоа што неговите родители се разведени, мајка му подоцна се премажи и роди уште две деца, а Вукашин ги обожаваше, на тие деца им беше вистински пример, ги фаќаше за рака и ги шеташе. Тие сега постојано го бараат својот брат, но премлади се за да сфатат каде е и што се случило – изјавил сосед за Курир.

Инаку, како што раскажува соседот, Вукашин неодамна станал полнолетен, требало да полага возачки испит, а тој ден одел на автошкола кога се урнала бетонска настрешница и за малку ќе го усмртела.

– Требаше да полага за кола, поголемиот дел од друштвото на таа возраст едвај чекаше да вози, а Вуле во септември го прослави 18-тиот роденден со семејството и пријателите, планираа да му купат кола и беше многу среќен. Сега оваа несреќа му застана на патот на сите негови желби. Ќе му биде тешко да прифати што се случи, но од друга страна, фала Богу барем е жив, за се друго само треба време – додаде нашиот соговорник.

Покрај Вукашин, да потсетиме, тешко се повредени и атлетичарката Ања Р.(23) на која и е ампутирана раката, како и младата мајка Теодора М.(24) од Кисач. Таа се здобила со најтешки повреди, со оглед на тоа што и биле ампутирани двете нозе и дел од карлицата.