Хамас не може да направи договор за прекин на огнот: “Нема да може да се ослобат 40 ЖИВИ заложници”
САД, Израел и меѓународните преговарачи се обидуваат да постигнат привремен договор за прекин на огнот со Хамас во замена за преостанатите заложници во Газа, од кои има над 130, од кои најмалку 36 се мртви, според сегашните израелски проценки.
Сегашниот договор гласи Хамас да ослободи 40 цивилни заложници во замена за шестнеделен прекин на огнот и ослободување на стотици палестински затвореници.
Но, според “Wall Street Journal” терористичката група не може да гарантира дека има доволно живи цивилни заложници за ослободување за да ги исполни условите од договорот.
Тоа, исто така, предизвикува страв кај семејствата на заложниците кои бараа од израелската влада да постигне договор за да бидат ослободени нивните најблиски.
“Хамас можеби нема да може да ослободи 40 ЖИВИ заложници, но може да се договориме со 40 заложници” изјави претставник на Хамас за “Wall Street Journal”, што значи дека тие би можеле да бидат живи или мртви во заробеништво.
Ако Хамас не може да ги ослободи бараните заложници, договорот за прекин на огнот може целосно да пропадне и сегашната војна меѓу терористичката група и Израел може да продолжи со исто темпо.
Тешко е да се утврди моменталната состојба на некој од преостанатите заложници. Хамас првично зеде над 240 заложници на 7 октомври, а над 100 од нив беа ослободени од страна на израелските одбранбени сили.