Хари и Меган во „криза“ затоа што таа сè уште го нема статусот по кој копнее: Извор близок до парот открива шокантни детали
Принц Хари и Меган Маркл се наоѓаат во „криза“ бидејќи, според кралски биограф, Меган сè уште не го постигнала статусот по кој копнее. Британскиот писател и поранешен новинар на BBC, Том Бауер, изјави дека ќе открие нови шокантни детали за војводата и војвотката од Сасекс во својата нова книга.
Говорејќи за животот на кралскиот пар, Бауер ги опиша Хари и Меган како „неуморни“ и „немирни“, додавајќи дека постојано се во борба. Според него, парот е во „криза“ бидејќи Меган сака да стане „славна милијардерка“, додека Хари, како што тврди авторот, не го разбира светот на славата.
Објаснувајќи дека принцот никогаш не морал да се грижи ниту за работа ниту за автомобил, Бауер тврди дека Хари не може да ја разбере животната перспектива на Меган.

– Тој не разбира од каде доаѓа таа – работела неверојатно напорно, се борела многу, често била понижувана, и сега сака сигурност преку пари и статус. Таа сè уште не го добила статусот по кој копнее, нема таа моќ да привлекува внимание. Тој е заглавен во Калифорнија, држејќи се цврсто за својот кралски статус, исто како и таа – изјави Бауер.
Борбата продолжува и покрај раните
Бауер исто така вели дека, иако Хари и Меган се „ранети“, тие продолжуваат да се борат и дека нивната желба за опстанок само се зголемува.
Според наводи на извор близок до парот, војводата и војвотката од Сасекс верувале дека со создавање среќен живот во Америка ќе ги подобрат односите со кралското семејство. Тие сметале дека одземањето на полициската заштита било обид да се принудат да се вратат во Велика Британија, бидејќи без безбедносна заштита нивното доаѓање во земјата би претставувало сериозен ризик.

Поради тоа, Хари решил да покрене правна постапка против британската влада за да му се врати официјалната полициска заштита.
Да потсетиме, Бауер ја објави својата прва книга за нив во 2022 година, под наслов „Одмазда: Меган, Хари и војната меѓу Виндзорови“.