ВестиПопуларно

Хрватскa научничка боледувала од рак. Одгледала вирус и си го инјектирала. Резултатите се неверојатни

Научничката во 2020 година открила дека имала рак на дојка во стадиум 3 на местото каде што претходно имала мастектомија поради присуство на тумор

Приказната за хрватската научничка Беате Халаси деновиве стана голема вест во светот. Угледното научно списание Nature, како и многу други, ја објави нејзината приказна. Халаси успешно го потиснала сопствениот рак на дојка откако му вбризгувала вируси кои ги одгледувала во лабораторија.

Нејзиниот случај предизвика дебата за етиката на спроведување на експериментално самолекување.

Научничката во 2020 година открила дека имала рак на дојка во стадиум 3 на местото каде што претходно имала мастектомија поради присуство на тумор. Тоа беше второ враќање на ракот, а таа не сакаше повторно да оди на хемотерапија.

Таа е виролог од Универзитетот во Загреб, а по детално проучување на литературата, пробала онколитичка виротерапија со вируси кои не поминале клинички испитувања.

Ова е нов пристап на третман кој користи вируси за да ги нападне клетките на ракот и да го активира имунолошкиот систем за да ги уништи клетките на туморот.

Пристапот беше ефикасен и туморот се намали. Не го инфилтрирал ниту мускулот, ниту во кожата наднего. Пред овој експеримент, нејзиниот рак на дојка се враќал во интервали од 22 и 21 месец. По оваа терапија тој е во ремисија веќе 45 месеци.

Научничката верува дека е нејзина одговорност да ги објави наодите, но многу списанија ја отфрлија поради етички прашања.

– Главна грижа отсекогаш биле етичките прашања. Не се каам што направив, но се сомневам дека некој ќе ме копира. Сепак, потребно е многу знаење и читање литература за да се постигне ова – изјави Халаси за “Nature”.