ВестиПопуларно

Хуманитарна помош пристигна во Газа но Израелците спремно чекаа! 104 мртви, 760 повредени!

Најновиот инцидент во Газа е еден од помрачните. Помошта што ја чекаа Палестинците во вид на вода и храна пристигна, но Израелците не бираа по кого пукаат!

Откако Газа е под тотална опсада од страна на Израел, опциите за хуманитарна помош да влезе во државата се мали со оглед на тоа што Израелците ги пречекуваат камионите и веднаш ги запленуваат. Поради тешкотиите за камиони да влезат во Газа, Јордан одлучија помошта да ја пратат со авиони. Сцените од палестинците како ја чекаат помошта е доста жална слика.

Покрај блокада на камиони, имаше одреден број камиони што успееја да ја поминат границата со Египет и да влезат во Газа каде што беа пречекани од огромен број луѓе. Како што пренесува Ал Џезира, откако сите се собраа луѓе околу камионите, Израелците видоа прилика па распалија со тенкови во гужвата! До сега се пребројани 104 мртви и 760 повредени лица.

Претседателот на Израел Бенџамин Нетанјаху си призна дека пукале по палестинците.

„Тотална поддршка мора да биде пружена на нашите херои кои се во Газа, кои одлично реагира на кон луѓето што сакаат да им наштетат. Денес се докажа дека таа хуманитарна помош за Газа е лудило! Не само што имаме наши заложници во Газа, туку и ја ставаме во опасност нашата војска. Ова е многу јасен показател зошто не треба да се праќа помош во Газа. Помошта им штети на нашите луѓе, а за Хамас претставува свеж воздух“

По масакрот, имаше протести од израелскиот народ кои протестираа со брашно во раце.

https://twitter.com/MarioNawfal/status/1763400956979409293?s=20

Дали е ова борба против терористи или прекршување на меѓународни хуманитарни права, ќе оставиме да одлучите вие.