ВестиПопуларно

Што дознале шпанските разузнвачки служби за ликвидацијата на рускиот пилот?

Шпанските разузнавачки служби не се сомневаат дека Кремљ стои зад убиството во Аликанте на Максим Кузминов, руски капетан кој во август пребега во Украина со својот борбен хеликоптер Mi-8, наведува шпанскиот весник “Pais”.

Весникот укажува дека шпанската влада, межутоа, била многу внимателна во јавните изјави за тоа убиство.

„Мораме да и дозволиме на цивилната гарда да ја работи својата работа и истрагата да напредува“, рекла претставничката за медиуми од владата Пилар Алегрија по состанокот на Советот на минитрите во вторникот.

Меѓутоа, дипломатски извори наведуваат дека ова е многу сериозна работа, иако се уште чекаат да соберат доволно информации. Доколку вмешаноста на руските власти се потврди, додаваат, Шпанија ќе пружи “силен одговор”. Додека идентитетот на убиениот се уште не е потврден во Шпанија, руските медиуми први објавиле за смртта на Кузминов, на кого му припишале проблеми со дрога и алкохол, додавајќи дека стнаал непријатен и опасен сведок за Киев. Откако веста ја потврила Украина, шефот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин во вторникот изјавил дека жртвата е злосторнички предавник и морален леш.

Во октомври руската јавна телевизија тврдела, покажувајќи тројца наводни припадници на ГРУ, дека добиле наредба да елиминираат дезертери.

Ескпертите се прашуваат дали операцијата е дело на Надворешната разузнавачка служба, чиј шеф го оправдал убиството.

Извори од шпанските разузнавачки служби признаваат дека во истрагата е многу тешко да се пронајдат докази за вмешаност на било кој од нив. Претпоставуваат дека злосторството го извршиле вооружени луѓе (убијци) кои пристигнале надвор од Шпанија и кои сега се наоѓаат во странство.

Телото на Кузминов е пронајдено во вторник, на 13-ти февруари во гаража во Виљахојос, иако неговата смрт била откриена дури во понеделник. Откако го застрелале, убијците го згазиле со автомобил, кој бил пронајден опожарен во градот Ел Кампело.