Јадеме отровно овошје и зеленчук! Опасност на чинијата – 12 „валкани“ намирници полни со пестициди
Најновото истражување открива кое овошје и зеленчук содржи најмногу пестициди.
Иако овошјето и зеленчукот важат за темел на здрава исхрана, најновите податоци откриваат загрижувачка вистина – некои од намирниците што ги консумираме секојдневно можат да содржат високи нивоа на пестициди, дури и по миење.

Според најновиот извештај на американската организација Environmental Working Group (EWG), познат како листата „Валкана дванаесетка“ (Dirty Dozen), следниве намирници се најзагадени со пестициди:
- Јагоди
- Спанаќ
- Кељ и раштан
- Праски
- Круши
- Нектарини
- Јаболка
- Грозје
- Бабура пиперка
- Цреши
- Боровинки
- Зелена салата
Истражувањето е спроведено преку анализа на илјадници примероци од супермаркети.
Откриено е дека над 90% од примероците од јагоди, јаболка, цреши, спанаќ и грозје содржат остатоци од најмалку два или повеќе видови пестициди. Во некои случаи, биле откриени и до 23 различни хемикалии во само еден примерок!

Пестицидите се хемикалии што се користат за заштита на посевите од штетници, но многу од нив се поврзуваат со хормонални нарушувања, проблеми со плодноста, па дури и одредени видови рак. Особено ранливи се децата и бремените жени.
Препораки:
- Купувајте органско овошје и зеленчук кога е можно, особено ако се наоѓаат на листата „Валкана дванаесетка“
- Темелно мијте и лупете го овошјето и зеленчукот, иако тоа не ги отстранува сите остатоци
- Избирајте намирници од листата „Чиста петнаесетка“ – овошје и зеленчук со најниски нивоа на пестициди (на пр. авокадо, шеќерна пченка, ананас, манго …)
Здравата исхрана подразбира и информиран избор. Не мора сè да биде органско – но кога знаете кои намирници се најризични, полесно е да се заштитите себеси и најблиските.
