ВестиПопуларно

Јакимовски: „Моите синови не се криминалци, Хантер Бајден е криминалец. Ни Американци, ни свети Американци…“

Стевчо Јакимовски изјави дека е изненаден од одлуката на Стејт Департментот за ставањето на црната листа.

„Ова е кукавички чин на оние што го губат тлото под нозете, па помош бараат од Американците. Ниту Американци ниту свети Американци нема да ни кажат кој ќе ни ја води Македонија. Тие ја направија оваа влада од која сме многу „среќни“ во 2016 година. Сега поврторно сакаат да ни скројат влада како тие што сакаат, и претседател каков што тие сакаат. Ги повикувам граѓаните да им покажеме дека не можат да си играат со еден вака мал народ“, кажа Јакимовски и додаде деа ова е директно мешање во изборниот процес и дека тој нема да се повлече.

„Ни случајно, да знам да умрам нема да се повлечам од изборната трка. Ова е само потврда дека мојата политика е исправна и во одбрана на македонските национални интереси. Ме ставаат во ист кош со нивниот бисер и срам Катица Јанева која правеше истраги и ништо не најде за мене“, изјави Јакимовски.

„Моите синови не се криминалци. Имаат криминалец, името му е Хантер Бајден, бидејќи господинот Бајден често заборава, па да си го бара таму. Ова е истото што му го прават на Доналд Трамп. Ни Американци, ни свети Американци нема да ни кажат кој ќе ја води Македонија“, заклучи Стевчо.