ВестиПопуларно

Ја памтите ли Моника Левински? Еве како изгледа денес најпознатата љубовница

Моника Левински беше ангажирана како практикант во Белата куќа во 1995 година и не ни сонуваше дека ќе ја нарекуваат „најпознатата љубовница на светот“ во текот на целиот живот.

Таа е писателка и активистка, а денес се издвојува како еден од водечките гласови на движењето „MeToo“ и борбата за правата на жените, но сепак, многумина сè уште ја паметат како „најпознатата љубовница на светот“ поради аферата со поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Моника отворено проговорила за своето искуство во интервјуто со Стивен Колберт, зборувајќи за траумите кои ги претрпела и начините на кои денес се справува со своето минато.

Водителот ја прашал дали би сакала тогаш да постоеа социјалните мрежи, на што таа кратко одговорила: „Не“.

Оваа едноставна изјава открива колку тешко и било искуството, бидејќи медиумскиот линч што следел по обелоденувањето на аферата бил огромен. Моника призна дека целиот процес бил длабоко личен и дека сега, гледајќи ги промените што се случиле во општеството, се чувствува послободна бидејќи конечно имала можност да ја каже својата страна од приказната.

„Беше тоа лично искуство, бидејќи она што го поминав сама, го поминав на многу начини, а сега гледам како жени се здружуваат за други жени“, изјавила таа, нагласувајќи како станала свесна за важноста на поддршката и солидарноста меѓу жените.

Моника сега води свој поткаст и е активно вклучена во застапувањето за општествени промени. Дополнително, таа е силен поддржувач на движењето „MeToo“, кое се бори да ја подигне свеста за сексуалната злоупотреба и вознемирување. Нејзиниот ангажман на ова поле беше препознаен од бројни корисници на социјалните мрежи, кои ја пофалија за нејзината храброст и искреност.

Иако поминаа речиси 30 години од аферата, Моника сè уште го носи тешкиот „прекар“ кој и го запечати животот. Во Белата куќа дошла во 1995 година како практикант, а пред скандалот да му биде откриен на целиот свет, била префрлена во Пентагон затоа што чувствувале дека „поминува премногу време со претседателот“.

Аферата која ја шокираше јавноста во 1998 година, кога на светот му стана познато дека имала интимна врска со Бил Клинтон, значително се одрази на нејзиниот живот. Како што подоцна откри, таа имала девет пати односи со Клинтон, сите среде Белата куќа. Иако Клинтон беше ослободен од сите обвиненија, скандалот имаше долгорочни последици за Моника, која долго време беше настрана, често напаѓана и исмејувана.

Како лажен ресторан стана најдобро оценет во Лондон: Неверојатната приказна на „The Shed at Dulwich“

ИгорМај 12, 20252 min read
Како лажен ресторан стана најдобро оценет во Лондон: Неверојатната приказна на „The Shed at Dulwich“

Во 2017 година, британскиот писател и режисер Оуба Батлер успеа да го измами целиот свет – со ресторан кој всушност

Беше најпопуларното дете на светот, а потоа исчезна: Еве како денес изгледа најслаткото момче од филмовите од 90-тите

ИгорМај 12, 20252 min read
Беше најпопуларното дете на светот, а потоа исчезна: Еве како денес изгледа најслаткото момче од филмовите од 90-тите

Актерот Џонатан Липники, најпознат како детска ѕвезда од филмот Џери Мегваер (1996), во интервју за магазинот People зборуваше за својата

Два хороскопски знака ги очекува исклучително тежок крај на мај: Ќе има солзи, болка и предизвици

ИгорМај 12, 20252 min read
Два хороскопски знака ги очекува исклучително тежок крај на мај: Ќе има солзи, болка и предизвици

До крајот на мај 2025 година, астролошките прогнози укажуваат дека Ракот и Девицата ќе бидат меѓу хороскопските знаци што ќе

Зеленски се согласи на преговори со Русија: „Путин, те чекам в четврток, лично“

ИгорМај 12, 20252 min read
Зеленски се согласи на преговори со Русија: „Путин, те чекам в четврток, лично“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен лично да отиде во Истанбул в четврток на средба со рускиот претседател

Целосно нови даноци и прописи: Ако патувате за Грција – внимавајте, воведени се построги правила

ИгорМај 12, 20253 min read
Целосно нови даноци и прописи: Ако патувате за Грција – внимавајте, воведени се построги правила

Строгите нови правила во Грција ги изненадија туристите – казни до три месеци затвор и 350 евра. Еве што мора

Најискрените пријатели се родени во пет хороскопски знаци

ДејанМај 12, 20253 min read
Најискрените пријатели се родени во пет хороскопски знаци

Не се сите пријатели исти. Некои доаѓаат и си одат, се појавуваат кога им треба нешто или исчезнуваат штом ќе