15 годишник од Прилеп убил малолетник
Јавното обвинителство бара мерка притвор за 15 годишно дете од Прилеп кое нанело убодни рани на друг малолетник.
Основното јавно обвинителство поднесе барање за подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 15 годишник од село
Сенокос, Прилепско, поради постоење на сомнение дека извршил кривично дело – убиство, од кривичниот закон!
Во влезот на зграда лоцирана на ул. Кузман Јосифовски во Прилеп осомничениот со умисла лишил дете родено во 2009 година, нанесувајќи повеќе убодни рани со нож. Оштетениот успеал да избега, но со тек на време изгубил свест по што подоцна им подлегнал на повредите.
Бидејќи станува збор за дете, надлежниот јавен обвинител до судијата за деца при основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор за детето што го прекршило законот.