(ВИДЕО) Погледнете како од стара „седмица“ направи „ново“ BMW
Силата не прашува, особено кога сакаш нешто што не можеш да си го дозволиш.
Многумина сонуваат да имаат нов BMW, посебно Серија 7, чија почетна цена изнесува 137.000 евра. Сепак, има и такви кои сонуваат за постара генерација на „седмицата“, како оној што решил да ја трансформира оваа легенда на BMW. Иако дизајнот секогаш предизвикува поделени мислења, очигледно е дека има луѓе на кои новиот изглед навистина им се допаѓа, а тоа го потврдуваат и продажните резултати.
BMW-фановите поминале низ разни дизајнерски фази, вклучително и контроверзното „Bangle“ доба. Сега се соочуваат со нови предизвици, а еден сопственик на BMW Серија 7, стар 15 години, решил на свој начин да се справи со нив. Ова е F01 генерацијата, која се произведуваше до 2015 година и се смета за многу попопуларна од претходната E65. По неа дојде поагресивната G11, а денес владее најновата G70 генерација.
Модификацијата ја изврши Autokrafte, каросериска компанија од Ахмедабад, Индија. Тие набавиле делови од новата „седмица“ и започнале со прилагодување на старата каросерија за да ги прифати новите панели. Предниот и задниот дел буквално биле отсечени, по што морало да се преработат и крилата и хаубата.
Останатите детали, како ретровизорите и рачките на вратите, останале оригинални, што донекаде делува застарено во споредба со модерните двојни предни светла и (пре)големите „бубрези“. Сепак, двобојната шема и новите фелни заслужуваат секоја пофалба.
Придруженото видео јасно покажува колку работа било вложено во надворешниот изглед на автомобилот. Сепак, не е познато дали биле направени измени во ентериерот, ниту колку чини оваа необична конверзија.
Би било убаво ако од новата „седмица“ можеше да се врати назад во времето – на пример, до легендарниот E38, кој многумина го сметаат за најдобриот дизајн на BMW Серија 7. Со оглед на континуираниот раст на димензиите, веројатно и Серија 3 би била доволна како основа за таков проект.