Друго

Вредат ли вашите стари “Levi’s фармерки 30.000 евра? Побарајте го овој скриен детаљ на нив и дознајте

Иако минатото на брендот е контроверзно, фармерките Levi’s сè уште се клучен дел од модната култура.

Можеби седите на вистинско модно богатство.

Имено, сопствениците на фармерките Levi’s ги проверуваат етикетите на своите стари парчиња откако откриле дека некои винтиџ модели достигнуваат вредност од дури 32.000 евра.

Фармерките произведени помеѓу 1949 и 1954 година сега се продаваат на интернет по неверојатно високи цени, а постои едноставен начин да се одреди нивната возраст, пренесува Вечерњи лист.

Иако Levi’s не ја пишува годината на производство на фармерките, познатата црвена етикета може да открие кога се направени фармерките.

Од 1950-тите до 1980-тите, Levi’s, официјално познат како Levi Strauss & Co., користеше црвена етикета со натпис Big E во бела боја за да го истакне брендот.

За краток период од 1949 до 1954 година, фонтот на етикетата беше остар и кос – токму овие фармерки сега добиваат високи цени на пазарот.

Веб-страницата на Леви има посебен дел каде што можете да проверите дали вашиот пар фармерки вреди цело богатство. Експертите советуваат да го проверат следново:

  1. Ако на етикетата стои натпис LEVI’S® само со големи букви, тоа значи дека фармерките се произведени пред 1971 година.
  2. Побарајте ознаки за нега, кои почнаа да се појавуваат на фармерките на Levi’s дури во 1970-тите.
  3. Погледнете ги внатрешните шевови: еден шев по внатрешниот дел на бутот укажува на производство пред средината на 1980-тите.

Инаку, извештаите претходно покажаа дека еден пар стари фармерки Левис од 19 век се продадени на аукција за неверојатни 72.000 евра.

Винтиџ колекционерот Кајл Хаупер од Сан Диего ги пронашол овие панталони во напуштен рудник.

Фармерките, кои содржат расистички слоган од минато време, се сметаат за еден од најстарите познати примероци на брендот Levi’s.

Етикетата во џебот гласи: „Единствен вид направен од бел работник“ – слоган што го користел Levi’s за време на изразената антикинеска дискриминација во САД, според извештајот на Волстрит журнал.

Иако минатото на брендот е контроверзно, фармерките Levi’s сè уште се клучен дел од модната култура. Во последниве години, нивната популарност дополнително се зголеми благодарение на враќањето на западниот стил и трендот на тексас.

Според извештајот на Bloomberg, акциите на Levi’s скокнале за 18% во април. Податоците на CNN покажуваат и дека забележале раст на продажбата од дури 20% во однос на истиот период во последните три години.