ДругоХрана и Здравје

ЛЕТНА МАГИЈА: Домашен сладолед од ванила со шумски oвошје

Заборавете на сладоледот купен во продавница – домашниот сладолед од ванила со шумско овошје е неспоредливо повкусен и без непотребни адитиви.

Кремастата основа од кисела павлака и жолчки одлично се вклопува со освежителниот овошен прелив направен од бобинки. Овој сладолед е идеален за секој кој сака вистински домашен десерт без многу компликации.

Состојки:

За сладолед:

  • 4 жолчки
  • 120 гр шеќер
  • 200 мл млеко
  • 420 мл слатка павлака

За прелив за шумско овошје:

  • 200 гр шумско овошје
  • 80 гр шеќер
  • ½ лажичка пектин
  • 1 лажица сок од лимон (или прстофат лимонска киселина)

Подготовка:

Изматете ги жолчките со шеќерот додека не станат пениливи и светли. Полека додавајте го млекото со постојано мешање, па сè заедно сварете и оставете да зоврие. Се враќа на тивок оган и се меша додека не се згусне како тенок пудинг. Оставете целосно да се излади, а потоа додадете го шлагот и убаво измешајте. Истурете ја смесата во садот.

Сварете го овошјето со шеќер додека да омекне, додадете пектин и сок од лимон и варете уште 1-2 минути. Се меша во претходната смеса и се става во замрзнувач.