Ова се намирниците кои му штетат повеќе на црниот дроб отколку алкохолот
Често се смета дека алкохолот е причина број еден за оштетување на црниот дроб, но има намирници кои многу луѓе ги консумираат и се уште поштетни.
Алкохолот е само една од причините за проблеми со црниот дроб. Голем ризик фактор за овој многу важен орган во нашето тело се бројните лоши навики – од дебелина и прекумерно внесување шеќер, до проблеми предизвикани од прекумерна количина на витамин А.
Инаку, црниот дроб е витален орган кој врши повеќе од 500 функции во телото, меѓу кои и филтрирање на крвта и детоксикација на телото.
Експертите издвојуваат пет лоши навики кои го уништуваат црниот дроб:
Прекумерна потрошувачка на шеќер
Премногу шеќер може да предизвика таложење на масти во црниот дроб, што може да предизвика заболување на црниот дроб. Истражувањата покажуваат дека шеќерот може да биде штетен за црниот дроб дури и ако немате прекумерна тежина.
Вишок тежина и замастен црн дроб
Дебелината, особено кај средовечните или луѓето со дијабетес, може да доведе до таложење на вишок маснотии во црниот дроб, што може да доведе до цироза на црниот дроб.

Проблеми со витамин А
Иако витаминот А е неопходен за телото, земањето прекумерни дози преку суплементи може да предизвика проблеми со црниот дроб. Експертите препорачуваат внесување на витамин А преку свежо овошје и зеленчук.
Парацетамол
Прекумерната употреба на парацетамол може да има негативен ефект врз црниот дроб. Важно е внимателно да ги следите упатствата за дозирање за да избегнете можни несакани ефекти.
Опасни транс масти
Внесувањето на транс масти треба да се минимизира бидејќи тие го зголемуваат нивото на лошиот холестерол и создаваат ризик од коронарна срцева болест. Исхраната богата со транс масти може да биде штетна за здравјето на црниот дроб.