ДругоПопуларноХрана и Здравје

10 совети за долговечност јапонски доктор!

Познатиот јапонски лекар, д-р Шигеаки Хинохара, починал во 2017 година на 105-годишна возраст. Бил експерт за долговечноста, пишувал бестселери за неа, а до последните денови од животот извршувал операции и се занимавал со јога.

Неговите совети се ценети низ целиот свет, а верувал дека работата, а не храната и спиењето му даваат на човекот енергија и волја.

Ова се неговите 10 принципи за долговечност:

Тренинг на мозокот

Д-р Шигеаки верувал дека развојот на когнитивните способности е еден од најефикасните начини за намалување на ризикот од развој на деменција. Тој говорел дека токму читањето книги, особено од мали нозе, може да го забави процесот на сенилна деменција. Шигеаки Хинохара верувал дека тренирањето на мозокот е еден од главните услови кои ќе ви помогнат да доживеете 100 години.

Смејте се повеќе

Долговечниот јапонски лекар верувал дека доброто расположение и позитивниот став можат да направат чуда. Смеата, според неговиот став, може да го продолжат животниот век и да се изборат со разни тегоби – мигрена, кашлица, па дури и болки во зглобовите. Исто така, корисни се и шегите на своја смета, зборувал докторот.

Не размислувајте за минатото

Хинохара советувал никогаш да не се задржуваме на минатото, туку да живееме во сегашноста. Според него, сеќавањата на кои човекот постојано се повикува, не се развиваат. Пренасочувањето на мислите кон минатото ги споредил со читањето на иста книга одново и одново. Треба да постои разновидност во животот. Научете нови работи и живејте во сегашноста, советувал јапонскиот стогодишник.

Поврзете се со младите

Младите живеат во сегашноста, не ги интересира толку минатото. Не размислуваат често ниту за иднината, туку уживаат во моментите овде и сега. Тоа е убавината на животот, зборувал д-р Хинохара и советувал да го следат примерот на младите луѓе чии „очи сјаат и кои сè уште имаат доволно оптимизам“.

Следете ја вашата тежина и здравје

Јапонскиот лекар ги советувал сите свои колеги, па и пациенти, внимателно да ги следат промените во своето тело. За да ја олесни анализата на параметрите, тој предложил да се направи тетратка за прегледи во која луѓето треба да го запишуваат нивото на холестерол, глукоза во крвта, крвниот притисок и тежината. Доктор Хинохара постојано нагласувал дека „стотката“ ја доживуваат лица што немаат вишок килограми, па затоа треба да се внимава на својата тежина и физичка кондиција. Не треба да се оптоваруваме со исхрана, но сепак треба да се води сметка да не се прејадуваме. Тој самиот, на пример, за појадок пиел кафе, чаша млеко и сок од портокал со лажичка маслиново масло. Верувал дека ова масло е одлично за крвните садови и кожата. За ручек јадел млеко и кекс, а често го прескокнувал ручекот кога бил презафатен. За вечера јадел зеленчук, риба и ориз. Двапати неделно јадел говедско месо.

Работете напорно

Секогаш мора да работите, до последниот ден. Така размислувал овој јапонски стогодишник. Овој процес може да биде одлична превенција на менталните болести. Сите стогодишници биле максимално вклучени и воделе активен општествен живот. Самиот Шигеаки Хинохара работел 18 часа, седум дена неделно.

Откажете се од луксузот

„Одличните животни услови ги обесхрабруваат луѓето и ги прават мрзеливи“, напишал извесен јапонски доктор во своите дела. Присуството на автомобили и лифтови во куќите го прави животот неактивен. Хинохара повикал да се откажеме од тој вид на удобност. Тој самиот секогаш се трудел да оди, во зградите се качувал само по скали, преминувајќи преку две скалила. Така ги развил зглобовите.

Планирајте однапред!

Хинохара секогаш имал полн распоред за една година однапред, а планирал и повеќе за во иднина. Така, како што самиот кажувал, многу им се радувал на Олимписките игри во Токио што ќе се одржат во 2020 година. За жал, не ги доживеал, но неговиот став кон животот и плановите укажуваат колкав оптимист бил самиот, што исто така е многу важна претпоставка за долговечност.

Не итајте кон материјалните работи

Шигеаки Хинохара во својата книга „Живеј долго, живеј добро“, напишал дека трчањето по материјалните работи е сигурен начин на стрес. Бил сигурен дека сето тоа ни ги заматува мислите. Хинохара ги советувал луѓето да научат да се ослободат од непотребните работи и својот личен простор да го одржуваат чист.

Спортувајте

Главниот принцип на Шигеаки Хинохара бил: „Невозможно е да се одржи бистар ум без физички движења“. Секогаш советувал луѓето да се занимаваат со физичка активност. Јапонскиот стогодишник се прашувал зошто луѓето понекогаш утринското трчање или едночасовното вежбање во теретана го поистоветуваат со тегови. Тој сметал дека овие активности се задолжителни како миењето заби или појадокот.