ЖивотниПопуларно

(ВИДЕО) Првпат во историја забележан орангутан како си ја лечи раната со лековити билки

Суматрански орангутан е виден како користи лековито растение за да залечи рана на лицето на индонезиско истражувачко место Суак, што претставува прв пат во историјата да се види животно како користи “човечки” техники

Машкиот орангутан нанесе паста направена од билки, на крајот затворајќи ја големата рана, според истражувањето објавено во четвртокот во списанието “Scientific Reports”.

Еден месец подоцна, тој целосно се опорави во, како што велат авторите на трудот, првиот документиран случај на животно кое се лекувало со растение.

Истражувачите рекоа дека никогаш не забележале вакво нешто во нивните 21-годишно набљудување на суштествата. Сепак, тие признаа дека тоа би можело да се должи на фактот што ретко се среќаваат со повредени орангутани во Суак.

Орангутанот ја добил повредата на лицето за време на физички пресметки со други мажјаци, се сомневаат истражувачите.