Животни

(ВИДЕО) 15 милиони прегледи! Куче гледа ТВ без да трепне – нема да верувате зошто е хипнотизирано

Видеото што прикажува куче кое толку многу обожава еден цртан филм, што не може да го тргне погледот од екранот, го погледнале и коментирале огромен број луѓе.

Сопственичката на разиграното, но преслатко црно куче, објави видео на својот TikTok профил, откривајќи каков трик користи за да го смири својот немирен миленик.

Кучето не трепнува додека гледа “Bluey”

Во видеото се гледа како кучето се превртува по креветот и лае, сè додека на ТВ-екранот не се појави неговиот омилен цртан филм – “Bluey”. Штом започне цртаниот, веднаш се сместува на креветот и внимателно го следи.

Досега, видеото собра 18 милиони прегледи и повеќе од три милиони лајкови.

Зошто кучињата го сакаат овој цртан?

Коментарите постојано се редат, а еден од најинтересните доаѓа од сопственик на куче кој тврди дека “Bluey” е полн со сина боја – една од ретките што кучињата можат јасно да ја видат.

Ова не е прв пат куче да стане хит на интернет

Да потсетиме, неодамна пишувавме за друго симпатично куче кое неговиот сопственик го снимил во неверојатно смешна ситуација.