ЖивотниПопуларно

Голема бела ајкула заглавена во плиткото, електричар брза да ја спаси: Раскажува што направи ѕверот

Ајкула долга три метри се заглавила во плиткото на популарната плажа во Јужна Австралија, а ако случајно не поминел локален човек, којзнае како ќе завршел „ѕверот“.

Имено, Хамиш Андерсон, враќајќи се дома во вторникот, откако ги оставил децата на училиште, видел необична глетка на плажата на полуостровот Јорк. Додека возел, забележал луѓе кои се собираат на брегот кај Ардросан.

„Имаше неколку луѓе на карпата што љубопитно гледаа кон водата, а јас помислив – тоа е малку чудно“, рече тој.

Набрзо дознал дека љубопитните локални жители гледаат ајкула заробена во плиткото.

„Стоев на врвот пет, десет минути, само проверував дали ќе може да се ослободи“, рече Андерсон.

Тој рече дека се сомнева дека станува збор за голема бела ајкула, која веројатно била долга помеѓу два и пол и три метри.

“Плимата се гаснеше, па тоа не беше добра ситуација за ајкулата. А кога ајкулата престана да се бори, помислив дека е подобро да слеземе и да и помогнеме”, рекол Андерсон, кој потоа побрзал дома за да се пресоблече во облека посоодветна за плажата.

Потоа брзо се вратил на плажата, каде заедно со уште двајца локални жители внимателно се обиделе да ја „преместат“ ајкулата во длабока вода.

“Беше доста големо. Кога првпат стигнавме таму нивото на водата беше ниско. Пријдовме кон ајкулата полека и одзади”, изјави Андерсон за ABC.

Тројцата храбри луѓе потоа се зафатија со работа. Тие се обидувале да ја турнат ајкулата кон подлабока вода. Андерсон вели дека тогаш доживеал нешто неверојатно.

„Не се обиде да се сврти или нешто слично. Таа некако само ни дозволи да и помогнеме“, рече Андерсон.

Тој вели дека на почетокот било тешко да се премести ајкулата, бидејќи била насукана на песокот, но малку по малку, водата „почнала да ја фаќа“, и станувало полесно.

Кога ајкулата конечно била ослободена, Андерсон рече дека не побегнала во длабоките сини води, туку само „стоела“ во близина на плиткото некое време.

„Проверував во текот на денот, секогаш кога можев, за да се уверам дека нема да се врати“, рече тој.