ЖивотниПопуларно

Жена се породи дома, реакцијата на нејзините кучиња е трогателна

Жена од Обединетото Кралство одлучила да се породи во својот дом. Освен поддршката од сопругот и бабицата, нејзините три златни ретривери не ја напуштале ниту еден момент за време на породувањето. Видеото кое покажува колку кучињата биле грижливи стана вирално на TikTok.

Нејзината ќерка се родила во октомври минатата година. Британката изнајмила специјален базен за породување, кој го поставила во средината на дневната соба. Додека на телевизорот се прикажувале нејзините омилени филмови, таа опуштено лежела во топлата вода, чекајќи трудовите да се засилат. Цело време покрај базенот биле нејзините кучиња – Лили, Борис и Дарси.

„Лили постојано доаѓаше и ме проверуваше токму кога ми беше најпотребно,“ се присетува таа. И другите два четириножни пријатели биле во близина, како да сакале да се уверат дека е сè во ред.

@lily_boris_darcy

Lily’s quite literally been by my side through everything since I was 20 🥹#soulmate #emotional #puresoul #wholesome #dogmum #viraldogs #homebirth #family #myheart #fy

♬ original sound – favsoundds

Кога бебето се родило, нејзиниот сопруг прв ја земал во раце и открил дека е девојче. Потоа ја ставил на градите на мајката, а во тој момент Дарси исчезнал, па се вратил со пешкир.

„Како знаеше дека ќе ни треба пешкир за бебето?“ – се прашува сопственичката, на која тој детал и денес ѝ останува мистерија.

Британката го опишала целото искуство како „породување од соништата“, иако неколку часа подоцна, поради компликации, завршила во болница на операција.