Каснувањето на ова животно МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ОПАСНА КРВНА ИНФЕКЦИЈА: Експертите објавуваат нови информации
Експертите предупредуваат дека постои ризик од опасна инфекција на крвта доколку човек биде каснат од фока.
Кралското друштво за спречување на суровост кон животните (RSPCA) советува луѓето да се држат најмалку сто метри подалеку од фоките, јавува Би-Би-Си.
Британската организација за спасување на морски животни предупредува дека луѓето каснати од фоки може да добијат инфекција позната како “сил фингер” што значи прст на фоакта, која може да биде многу сериозна.

Ветеринар во организацијата, Луиз Раунд, објасни дека оваа инфекција може да доведе до губење на прстот.
Експертите истакнуваат дека фоките не се животни кои се навикнати на луѓето и дека ќе реагираат агресивно доколку луѓето премногу се доближат до нив.