Животни

Ова куче заслужува Оскар: Погледнете како ја моли сопственичката да го пушти во куќата

Поминале неколку години откако Керолин Јуинг го вдомила своето куче Скрапи, и иако кученцето на почетокот било многу нервозно и воздржано, тој подоцна покажал дека не му е повеќе страв да се опушти.

Секогаш кога 4-годишниот Скрапи излегува надвор, Јуинг ужива во тие неколку минути на мир и тишина во куќата, односно додека Скрапи не е подготвен да се врати. Тогаш станувал „најдраматичното суштество“ кое сопственичката некогаш го видела.

Таа објавила видео на кое се гледа како Скрапи театрално удира по вратата со шепите. Видеото станало вирално на „ТикТок“ со повеќе од 389.000 прегледи, а многумина коментирале дека ова куче заслужува Оскар.

Напишете коментар