Слонче се оддалечило од стадото, па луѓе го вратиле кај неговата мајка – ги дочекала прекрасна сцена
Едно мало слонче се одвоило од мајка си во парк во Тамил Наду, Индија, а стадото слонови продолжило без него, пишува „The Guardian“. Изгубеното слонче талкало низ подрачјето барајќи ја својата мајка, но за среќа луѓето го забележале.
Тие процениле дека слончето е старо меѓу 4 и 5 месеци, а бидејќи мора да е сè уште со мајката, со помош на дронови започнале со потрага по стадото кое веќе поминало 4 километри. Пред да го вратат слончето во стадото, го искапеле и го намачкале со кал, за неговата мајка да не почувствува човечки мириси на него и да го отфрли.
Неколку дена подоцна, дрон снимил сцена која ги топи срцата. Слончето и неговата мајка мирно спиеле еден до друг, токму како што треба.
Необичен потег на стадото
Инаку, во случај на исчезнување на младенче, слоновите продолжуваат понатаму, но оставаат помали групи кои го бараат, но во овој случај направиле необичен потег и сите продолжиле понатаму.
„Понекогаш се случуваат и такви ситуации, најмногу во подрачјата каде што има конфликт меѓу луѓето и животните. Тогаш тие заминуваат поради сопствената безбедност. Главната женка треба да избере помеѓу благосостојбата на стадото и еден слон, па затоа донесува тешка одлука“, објаснува Картик Сатјанарајан, раководител на организацијата „Wildlife SOS“.