Сопственичка намерно го пушти поводникот за време на прошетка – реакцијата на нејзиното куче ги изненади сите
Наизглед обична прошетка стана вистински вирален хит кога златниот ретривер по име Зеби покажа неверојатна верност. Неговата реакција на неочекуваната ситуација ги насмеа и разнежи милиони корисници на TikTok.
Во симпатичното видео, Зеби и неговата сопственичка шетаат по улица додека таа неочекувано го пушта поводникот и продолжува да оди како ништо да не се случило. Зеби застанува, збунето гледа и останува на место, како да се обидува да разбере дали сè е во ред и што точно се случува.
По неколку секунди збунетост, кога конечно ќе го повика, Зеби го зема крајот на поводникот во уста и трча по неа – како сам да одлучил да ја преземе одговорноста за прошетката.
„Го пуштив поводникот на моето куче за да видам како ќе реагира“, напиша сопственичката во описот на виралното видео кое собра над седум милиони прегледи и повеќе од еден милион лајкови на TikTok.
„Моето куче досега ќе ми пратеше разгледница од Пекинг“, „Среќичето мислеше дека си го напуштила“, „Тој е дефиниција за лојалност“ – се дел од коментарите на корисниците.
Видеото можете да го погледнете подолу.