Срнче ја загуби мајка си во удар на автомобил, најде утеха во нов пријател
Корисниците на TikTok беа длабоко трогнати од видео кое прикажува едно неочекувано пријателство меѓу животни – она помеѓу едно срнче и маче. Слаткото срнче неодамна ја изгубило мајка си, која трагично загинала во судир со автомобил. По несреќата, грижата за срнчето ја презеле добри луѓе кои не сакале да го остават само да се снаоѓа и преживее.
Срнчето брзо ја пронајде својата утеха во новиот, нежен и разигран пријател – шарено маче, кое без многу двоумење му понуди љубов и утеха на повреденото животно. Мачето започнало да го „гали“ срнчето со своите шепи – гест кој сите љубители на мачки го препознаваат како израз на наклонетост, доверба и задоволство.
Оваа трогателна сцена го растопи срцето на многумина, а некои дури ја споредија со приказни од анимирани филмови, каде што сведочиме на невообичаени, но преубави пријателства помеѓу животни.
Целиот момент може да се погледне во продолжение.