Животни

Том и Џери во реалниот живот! Мачка прво бркала глушец, а потоа се случи нешто што ги изненади сите (ВИДЕО)

На снимка, која стана вирална на социјалната мрежа X, мачка прво го лови глушецот, а потоа го гушка и милува – сцена што ги остави сите без зборови!

На платформата X се појави видео кое брзо стана хит, со опис: „Том и Џери во реалниот живот“. Во него може да се види невообичаена сцена – мачка која прво се обидува да фати глушец, но потоа следува нешто тотално неочекувано.

Во првиот дел од видеото, мачката е на прозорска даска и со сите сили се обидува да го фати малиот глушец, кој вешто ѝ бега. Призорот потсетува на легендарните сцени од цртаните филмови, додека љубопитниот глушец брзо избегнува од нејзините шепи, а мачката не се откажува од потерата.

Но, она што следува ја остава публиката во неверување.

Во следниот кадар, мачката мирно лежи, целосно опуштена, додека глушецот одмара меѓу нејзините шепи, како да се стари пријатели. Наместо предаторски инстинкт, мачката покажува заштитничко однесување, а глушецот делува спокојно во нејзината прегратка.

Корисниците на мрежата X се воодушевени

Овој уникатен момент ги воодушеви корисниците на X, а коментарите не престануваат.

Некои се шегуваат дека мачката и глушецот склопиле примирје, додека други велат дека мачката само прави кратка пауза пред повторно да ја започне потерaта!

Како би ја објасниле оваа несекојдневна врска?