Урнебесна реакција на маче кога за првпат помириса лимон и банана: Смеа до солзи, видеото го погледнаа милион луѓе
Видеото во кое мачорот Медо за првпат мириса банана и лимон го имаат погледнато милион и пол луѓе.
Во снимката, Медо се среќава со три различни мириси – зачин, банана и лимон. Неговите реакции на секој од нив се вистинска комедија. Кога го помириса зачинот, изгледаше како да се соочува со најголемиот непријател – неколкупати го одгурна со шепата, решен да го тргне од патот.
Погледнете ги неговите урнебесни реакции:
Кога пред неговиот нос се појави банана, прво покажа збунетост, а потоа и очигледна гадење. Но лимонот – тој навистина не му „легна“. Почна да го удира со шепата, обидувајќи се да го истера од своето опкружување.
Видеото со мачорот Медо има над милион и пол прегледи и речиси 200.000 лајкови на TikTok!
Погледнете и како Медо се крие од сите мириси кои не му одговараат – директно од неговата кујна авантура: